19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе отвора ресторанот на Гудис во Скопје

Се отвора ресторанот на Гудис во Скопје

goodys225

Првиот ресторан на ланецот за брза храна „Гудис“ ќе се отвори денеска во „Веро Центарот“ во Скопје. Франшизата ја има Веропулос – Скопје.

– Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус, вели Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.

Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Гудис денес има над 135 ресторани во Грција, пет на Кипар и по еден во Тирана и во Белорусија. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа 22 ресторани во повеќе земји. Дневно имаат 500.000 потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП