10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреку системот на Пакомак се собраа над 9227 тони амбалажен отпад...

Преку системот на Пакомак се собраа над 9227 тони амбалажен отпад кои што беа однесени на рециклирање!

pakomak333

Со завршувањето на фискалната година, компанијата Пакомак ги сумираше постигнатите резултати од работењето во 2013-та година. Уште во септември 2013, Пакомак успеа да ги исполни националните цели во однос на Законот за управување со пакување и со отпадот од пакување предвидени за таа година. 2013-та година е завршена со собирање на над 9227 тони амбалажен отпад кој што  беше однесен на преработка и рециклирање!

Пакомак во 2013 година заклучно со декември, преку својата инфраструктура и своите соработници организираше селективно собирање на отпадот,  кој потоа речиси беше однесен на рециклирање од кои  најмногу хартија (4246 тони), пластика- 3560 тони, а потоа стакло 1354 тони, 2.43 тони метал и 65 тони дрво. Овие податоци покажуваат дека преку системот на  Пакомак бил собран за 18 % повеќе амбалажен отпад, во однос на резултатите остварени во 2012 година, кога преку Пакомак беа лиценцирани над 40.000 тони отпад од пакување, а беа собрани и рециклирани над 7500 тони.

pakomak222

Кон системот на Пакомак во 2013 година се приклучија нови 50 тина компании, со што бројот на компании-членки на Пакомак достигна повеќе од 680 компании, кои генерираат околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно. Тоа се компании кои се општествено одговорни и кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина. Пакомак останува најголем колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава.

Пакомак минатата година инвестираше во развој на комунална инфраструктура за селективно собирање на отпад во поголемите градови и склучување договори со јавните комунални претпријатија со другите општини, како и продлабочување на соработката со своите бизнис-партнери. Со посредство на Пакомак, во октомври 2013 градот Виена му донираше на град Скопје два камиони за чистење и собирање отпад и еден камион за чистење снег. Пакомак истиот месец, донираше и 20 контејнери и еден камион за собирање отпад на општина Тетово, со цел систематско решавање на долгогодишниот проблем со управувањето со отпадот во Тетово.

Продолжи и еко-акцијата на Пакомак во скопските основни училишта, во соработка со локалните самоуправи. Во 2013 година се приклучија уште 3 нови  скопски општини, со што вкупната бројка на општини вклучени во овој проект е 6. Истовремено акцијата се прошири и во основните училишта во општините Охрид, Битола и Штип. Оваа акција во 2012/2013 година  беше успешна и беа собрани над 1 милион пластични шишиња или 26 тони пластичен отпад. Оваа година, со проширувањето на акцијата, целта е да се соберат 2  милиони пластични шишиња или 52 тони пластичен отпад.

Пакомак се јави како поддржувач на различни манифестации и настани каде се комуницираа бенефитите од одделното собирање и рециклирање на отпадот. И за наредната 2014 година е предвидена уште помасовна поддршка на акции и настани од јавен карактер со цел повеќе да се влијае на грижата за животната средина и подигнување на еколошката свест, што за крајна цел има подобрување на целокупниот квалитет на живот на граѓаните.

pakomak111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП