
Брендот Volkswagen Комерцијални возила во светски рамки испорача 551 900 возила кон клиентите во 2013 година ( во 2012 година беа испорачани 550 150 возила). Брендот, кој е одговорен во рамките на групацијата Volkswagen за производство и продажба на лесни комерцијални возила, во 2013 година ги подобри продажните резултати за 0,3% во споредба со 2012 година.

