3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Citigroup

Зголемен профитот на Citigroup

citigroupgg45h

Американскиот банкарски гигант „Citigroup“ повеќе од двојно го зголеми профитот во четвртиот квартал, благодарение на намалените трошоци, но резултатите сепак потфрлија во однос на очекувањата поради ниските приходи од тргувањето и хипотекарните кредити.

Профитот во четвртиот квартал се зголеми на 2,7 од 1,2 милијарди долари од истиот период претходната година, додека приходите истовремено се намалени на 17,8 од 17,9 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„Citigroup“ така заработи 82 центи по акција, во однос на 96 центи, колку што беа очекувањата на аналитичарите.

Вкупните трошоци во минатогодишниот квартал се намалија на 10,5 од 12,1 милијарди долари од истиот период претходната година, а судските трошоци исто така се намалени на 809 милиони од 1,3 милијарди долари.

Нето профитот на „Citigroup“ во 2013 година се зголеми на 13,9 од 7,5 милијарди долари во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП