2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците мирни до октомври

Американците мирни до октомври

Budget Battle Companies

Американскиот Конгрес го усвои законот со кој е одреден 1,1 трилион долари за буџетот, со што до 30. септември е решена буџетската криза.

За законот во Конгресот гласаа претставниците на двете партии и тој сега ќе се најде во Сенатот, каде демократите имаат мнозинство.

Рокот на усвојување на законот во Сенатот истекува во сабота на полноќ, наведува Ројтерс.

„Усвојувањето на овој закон им покажа на граѓаните на САД дека претставниците на двете партии можат заедно да се договорат“, изјави Том Кол, републикански конгресмен од Оклахома.

Тој го пофали буџетскиот закон, велејќи дека со него е планирана заштеда, што воедно беше условот за републиканците да го поддржат. За законот гласаа 359 конгресмени, а против беа 67.

Една од ставките за штедење ќе го погоди Пентагон, кој ќе добие 20 милијарди долари помалку.

За војните акции на САД во странство предвидени се 92 милијарди долари, од кои најмногу се предвидени за Авганистан.

Америка на почетокот на октомври минатата година беше финансиски парализирана 17 дена, колку што траеше буџетската криза. За тоа време 800 илјади работници во федералната администрација беа испратени на принуден одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП