18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРетроспектива на брендот Audi

Ретроспектива на брендот Audi

audi-logo-naslov

Првиот човек на Audi Руперт Штадлер ја доби наградата “Највлијателна личност на годината”

Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на AUDI AG, беше прогласен за “Највлијателна личност на годината” од страна на 100 менаџери од германската  автомобилска индустрија. Гласањето беше спроведено во текот на конференцијата “StrategyCircle Automobilindustrie”, на која што менаџерите од автомобилската индустрија, производители и добавувачи, дискутираа за идните трендови и предизвици со кои се соочува индустријата.

rupert 


Audi освои четири награди за поврзување на автомобилите

Audi освои четири награди за поврзување на автомобилите во 2013 година, повеќе од било кој друг производител на автомобили. Списанијата “Auto Bild” и ” Computer Bild” минатата 2013 година за прв пат ги доделија овие награди. Audi најпрво ја освои наградата „Pioneer“ за пилотирано возење. Потоа компанијата доби награда за навигацијата која функционира со помош на Google Earth слики. Следуваше уште една награда во категоријата „Телефон“ за поврзувањето на телефоните со автомобилите и на крај награда за LTE WLAN hotspot во категоријата „Интернет“со што се овозможува брз и лесен пристап на интернет. Наградите беа врачени за време на меѓународниот саем CES за електронски производи во Лас Вегас.

Audi connect


Audi R8 прогласен за „Supercar” и за „Автомобил на годината“ во Австралија

Во Австралија Audi R8 V10 освои две значајни награди. Австралиската верзија на “Top Gear” го прогласи моделот за спортски автомобил на годината „Supercar 2013″ додека пак „Motor Magazine“ го прогласи R8 за автомобил со најдобри перформанси за 2013 година.

rs-audi2


Audi S5 освои една од американските награди  “10 најдобри мотори” според „WardsAuto“

Audi S5 е добитник на наградата “10 најдобри мотори”. Уредниците на “WardsAuto” испитуваа 44 различни мотори пред конечната одлука. На крајот 3.0 TFSI V6 моторот петта  година по ред ја освои оваа награда.

s5-sivo


Audi R8 и Audi А6 Avant TDI biturbo освоија награди во Сингапур

Читателите на сингапурското онлајн списание “sgCarMart” го одбраа Audi R8 за „Автомобил на годината. Додека пак моделот Audi А6 Avant TDI biturbo ја доби наградата „Дизел на годината”. „SgCarMart” е најголем автомобилски интернет портал во Сингапур.

belo-audi  


Низа награди за Audi во Бразил

Audi освои повеќе награди во Бразил за моделот Audi RS 6 Avant: Награда „Најдоброто од  годината” во категоријата “Најдобар спортски автомобил”,  на Audi RS 6 Avant му беше доделена од страна на бразилската новинска агенција „Авто Прес”. Наградата “10 најдобри за  2014 година” беше доделена од страна на списанието „Car and Driver” додека пак наградата „Автомобил на годината” во категоријата “Премиум автомобил на годината” беше доделена од страна на списанието “Авто Esporte”.  Истото тоа списание го награди Audi за 4.0 TFSI V8 biturbo моторот. Компанијата дополнително потврди уште две награди   “Automotive Press” во категоријата “Најдобар мотор” за 1,8 TFSI и 4.0 TFSI V8 biturbo.

crveno-audi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП