2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд надвор обичен Land Rover Defender, а внатре Rolls-Roycе (фото)

Од надвор обичен Land Rover Defender, а внатре Rolls-Roycе (фото)

defender lux

„Land Rover Defender“ е познат како сигурно теренско возило, но и како некомфорен и непријатен автомобил, со минимално опремена кабина. За тоа да не биде така се погрижи куќата „Carisma Auto Design“, која го редизајнираше овој автомобил така што сега може да ги задоволи и најпребирливите сопственици на луксузни автомобили.

defender lux1

Внатрешноста на овој теренец е модифицирана до непрепознатливост. Покрај удобните кожни седишта, вграден е ладилник, мини бар, специјално осветлување, а целиот ентериер е обложен со лускузен тепих.

defender lux2

Патниците на задните седишта на располагање имаат мултимедијален систем во кој е интегриран компјутер со бежичен интернет и „Bluetooth“ конекција, како и „Bang & Olufsen“ аудио уред. Целата содржина може да се следи на двата големи екрани кои се вградени во задните седишта.

defender lux3

„„Land Rover Defender“ е британска автомобилска икона која е позната по своите теренски способности. Еден ден дојде еден клиент кој од нас бараше возилото да ги задржи возните карактеристики, но истовремено да ужива во амбиент кој го нуди автомобил како што е „Rolls-Roycе““, вели директорот за маркетинг на компанијата „Carisma Auto Design“, Клајв Дрејк.

defender lux4

Резултатот може да го видите на фотографиите.

За реновирање на ентериерот, сопственикот на овој екслузивен „Defender“ морал да плати неверојатни 80.000 фунти (96.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП