2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските инвестиции се резултат на успешна политика која се води по закон

Странските инвестиции се резултат на успешна политика која се води по закон

aleksandar1-600x400

– Привлекувањето странски инвестиции е успешна политика на Владата и ефектите кои произлегуваат од неа се позитивни, а допрва ќе се почувствуваат позначајни ефекти, изјави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ѓорѓиев на прес-конференција посочи дека сите мерки и активности што се реализираат во рамки на привлекувањето странски инвестиции се согласно сите законски процедури.

– Во однос на реализацијата на државната помош може да истакнеме дека при секоја ваква постапка задолжително бараме и добиваме мислење од Комисијата за заштита на конкуренција и од сите останати институции во оваа област.

Што се однесува до придобивките за реализација на инвестиција во ТИРЗ имаме еднаков пристап и нудиме еднакви можности и кон странските и кон домашните субјекти, подвлече Ѓорѓиев.

Во врска со најавата на директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида дека покрај направената ревизија од Државниот завод за ревизија ќе ангажира и друга ревизорска куќа, Ѓорѓиев рече дека секогаш е позитивно поголем број субјекти да направат контрола на една иста работа.

– Тоа е добро во рамки на кој било субјект и во рамки на која било институција, а определените забелешки што ги дава Државниот завод за ревизија од формално правна природа, како и досега, секоја институција ќе ги применува и почитува во натамошното работење, подвлече Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП