27 февруари, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃорѓиев: При реализацијата на сите проекти се води сметка за еколошката димензија

Ѓорѓиев: При реализацијата на сите проекти се води сметка за еколошката димензија

lukovopole1

При реализацијата на проектите нема да се дозволи загрозување на животната средина или на еколошкиот баланс. Ова е ставот на Владата во однос на реакцијата од еколошките здруженија дека со изградбата на „Луково поле“ и „Бошков мост“ ќе се загади животната средина.

– При реализацијата на проектите ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и за почитување на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации кои ќе имаат удел во реализацијата на проектите и кои даваат уште еден дополнителен гарант дека нема да биде преземено нешто што би значело нарушување на еколошкиот баланс и загрозување на животната средина, истакна Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека двата проекти „Луково поле“ и „Бошков мост“ се стратешки и оти со нивната реализација ќе има ефекти не само врз енергетиката, туку и врз целокупниот економски развој на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП