2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Дефлацијата е ненаситна и злобна

ММФ: Дефлацијата е ненаситна и злобна

lagard693

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард оцени дека дефлацијата претставува ризик за индустриски развиените земји.

„Дефлацијата е ненаситна и злобна. Тоа е злото кое им се заканува на индустриски развиените земји“, изјави Кристин Лагард .

„Зголемени се ризиците од дефлацијата, која би можела да има страшни последици. Централните банки затоа треба да се свртат кон конвенционалните монетарни политики само кога убедливиот економски раст ќе биде утврден“, додаде таа.

Во еврозоната, во која стапката на невработеност сеуште е на загрижувачко ниво, потребно е монетарните политики да бидат прилагодени на дадената ситуација, оцени директорката на ММФ, пренесува АП.

Директорката на ММФ предупреди на опасноста од можни колебања на финансиските пазари, како и во земите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП