26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДекемвриската инфлација во ЕУ изнесувалa еден процент

Декемвриската инфлација во ЕУ изнесувалa еден процент

euro1

– Стапката на инфлација во Европската унија на годишно ниво минатиот месец остана стабилна на ниво од еден процент, за разлика од 2,3-те отсто во декември 2012 година, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока инфлација имало во Естонија, Австрија и Велика Британија по два отсто и Финска  во 1,9 проценти.

Во еврозоната, пак, инфлацијата се намалила на 0,8 отсто во декември од ноемвриските 0,9 проценти.

Во декември на месечна основа инфлацијата во ЕУ и во еврозоната била 0,3 отсто.

Највисока просечна годишна инфлација имале Естонија и Романија по 3,2 и Холандија и Велика Британија по 2,6 проценти.

Најголемо влијание на порастот на инфлацијата во еврозоната имале поскапувањто на електричната енергија (0,11 отсто), цигарите (0,8) и ускугите во кафулињата и рестораните (0,5 проценти), додека намалување на цените имало кај телекомуникациите (за 0,14 отсто), горивата за транспорт (0,13) и медицинските услуги (0,07 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП