30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен прометот на H&M

Зголемен прометот на H&M

hm

Шведскиот ланец на продавници за облека „Hennes & Mauritz – H&M“ денес извести за 10-процентното зголемување на вкупниот промет во декември изразено во локална валута и со вклучен ДДВ.

Прилагоден според календарските фактори, прометот е зголемен за нешто повеќе од 12 проценти, соопштија од шведската компанија.

Податоците за прометот во продавниците отворени подолго од една година не се наведени.

На крајот на 2013 година „H&M“ имаше вкупно 3,176 продавници во однос на 2,806 колку што имаше на крајот на 2012 година.

Извештајот за фискалната 2012/2013 година ќе биде објавен на крајот на јануари, се наведува во соопштението. Јануари е првиот месец во првиот фискален квартал во „H&M“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП