1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНормализиран сообраќајот на скопскиот аеродром

Нормализиран сообраќајот на скопскиот аеродром

aerodrom

Авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром е нормализиран. Реализирани се слетувања од Виена и се очекува да слета авионот од Дубаи, а полетани се авиони кон Базел и се очекува да полетаат кон Виена и Дубаи.

Утрово поради маглата беше реализирано само едно полетување за Дортмунд, а откажани летовите за Загреб и за Истанбул. Не слета ниту авионот на „Туркиш“ од Истанбул.

Поради временските услови неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП