2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните

Продлабочување на јазот меѓу богатите и сиромашните

richandpoor1

Продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните претставува најголема закана во 2014 година, иако многу економии се на патот кон закрепнувањето, соопшти денес Светскиот економски форум.

Во својата годишна оценка за глобалните опасности, се наведува  дека диспаритетот на приходи и социјални немири ќе има големо влијание на светската економија во наредните десет години.

Форумот предупреди дека постои „изгубена генерација“ на млади лица кои немаат работа, а во некои случаи ни соодветни вештини, што лесно би можело да прерасне во социјален немир, кој веќе може да се види во земјите од Тајланд до Бразил.

Во истражувањето, кое опфати повеќе од 700 експерти од целиот свет, како втора најголема опасност се издвојуваат временските услови кои можат да предизвикаат системски шокови, а како пример е издвоена необично силната зима во САД.

Како трета опасност се наведува несигурната владина финансиска мерка која може да предизвика фискална криза, но можноста за вакви „фискални експлозии“ е помала во однос на претходните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП