3 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft почна да „нуди“ пари во Huawei, Sony и Samsung

Microsoft почна да „нуди“ пари во Huawei, Sony и Samsung

micro micro

Купувањето на „Nokia“ очигледно не е доволно за „Microsoft“ за да ја зајакне својата позиција на пазарот за мобилни оперативни системи. По се изгледа дека од компанијата водат засилени преговори со неколку производители на телефоните за склучување на партнерски договори.

И додека „слободниот“ „Android“ наскоро може да стане и платен за производителите кои го користат, тогаш американскиот софтверски гигант ќе го понуди „Windows“, а планираат како дел од договорите со производителите да го субвенционираат користењето на самиот оперативен систем.

„Microsoft“ очигледно започнува да склучува серија договори кои според прелиминарните информации ќе се во вкупна вредност од над 3 милијарди долари и тоа со водечките компании во овој сектор.

Оваа година според проговорите, „Sony“ ќе го претстави својот прв паметен телефон со „Windows“, што според гласините би им донело повеќе од 500 милиони долари. 600 милиони долари пак се наменети за „Huawei“, и тоа за моделите кои тие ќе ги претстават во следните неколку месеци. Се претпоставува дека уште пари ќе бидат одвоени и за други помали компании, но вистинскиот хит во случајот е дека „Microsoft“ ќе се обиде да склучи договор со најголемиот продавач на „Android“ моделите – „Samsung“, а вредноста на ова субвенционирање ќе е над 1,2 милијарди долари.

Овие информациите се уште не се официјални и се само плод на гласини и нагаѓања. Интересно е дали субвенционирањето ќе влијае на цената на крајните уреди на пазарот или едноставно ќе се средства со кои компаниите ќе си ги зголемат своите буџети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП