26 јуни, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Претставниците на синдикатот на 23 јануари ширум Србија ќе одржат едночасовен штрајк на предупредување за да искажат незадоволство од предложените измени на Законот за труд. Ако предлогот на тој закон не се повлече, или не се изменат спорните одредби, ќе се организираат и помасовни протести и генерален штрајк, истакна за Танјуг претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на Србија СССС, Љубисав Орбовиќ. Тој прецизираше дека штрајкот на предупредување ќе се одржи на 23 јануари од 11 до 12 часот и дека освен претставниците на СССС и УГС Независност, ќе се приклучат и многу други помали синдикати.

Виена – Британско-австрискиот фонд Вествуд, разгледува можност за инвестиција во српската Железара Смедерево, тврди виенскиот економски весник Виртшафтсблат. Вествуд, фонд со седиште во Лондон и Виена, има намера да инвестира 450 милиони долари во Железара, а одлуката за тоа дали во целост или низ стратешко партнерство со српската влада ќе ја спроведат оваа инвестиција, ќе се донесе во следните два месеца.

Белград – Членовите на делегацијата на американската организација Трамп велат дека сакаат да градат хотел на местото на бомбардираните згради на Генералштабот или на МУП на Србија на ул. Кнез Милош. Американската организација Трамп заинтересирана е за изградба на хотел со пет ѕвезди во Белград и ги гледаше бомбардираните згради на Генералштабот или МУП на Србија на ул. Кнез Милош – изјави за Танјуг извршниот директор на партнерската Сапир организација Ротем Розен.

Љубљана – Дистрибутерите на автомобили во Словенија тврдат дека до ненадеен раст на продажбата на возила во таа земја дошло поради голем број на купувачи од странство. Продажбата на нови автомобили во Словенија од 2008 година се намали за една четвртина, па зачудува податокот дека во 2013 година официјално се продадени околу 51.000 нови возила, т.е. 4,6 отсто повеќе од претходната година.

Подгорица – На бирото за труд во Црна Гора пријавени се 34.469 лица, а стапката на невработеност во Црна Гора изнесува 14,86 отсто, соопшти Заводот за вработување. Најголемата стапка на невработеност во Црна Гора од 32,7 отсто забележана е во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 отсто е регистрирана во август 2009 година.

Љубљана – На словенечкиот Центар за анализа на безбедносни инциденти на интернет пријавени се две кражби на биткоини од портфељ на сопственик на интернет. Во двата случаи се работи за кражба во електронската пошта преку која се врши потврда за трансакциите. Биткоинот е виртуелна криптографска валута без централен контролен систем, обично се чува во дигитален паричник и може директно да се испрати на друго лице, а во оптек е од 2008 година, потсетува агенцијата Хина.

Атина – Кризата во Грција ја погоди средната класа. Дури и во добро стоечките градски квартови во Атина, се организираат собори и делење на помош на тие на кои им е потребна. Како што пренесе Дојче веле, во Кигфиси, елегантно атинско предградие полно со зеленило, Марија Кефела-Салматани дели животни намирници и лекови на луѓе на кои им се потребни. Таа претприемачка во 2003 година била избрана за советник во градското собрание, ветувајќи дека ќе се основа нов дом за деца и млади со посебни потреби.

Њујорк – Легализацијата на продажбата на марихуана во некои држави во САД доведе до вртоглав раст на акциите на компании кои ја одгледуваат оваа билка. Нов хит меѓу инвеститорите во акции се компании кои се бават со одгледување на марихуана, јавува агенцијата Блумберг. Имено, цените на акциите на некои компании кои се бават со ова производство силно пораснаа за кусо време, што предизвика побарувачка меѓу инвеститорите. Брус Перловин, директор на компанијата Хемп, чии акции за само три дена пораснаа неверојатни 205 отсто, вели дека инвеститорите масовно купуваат акции на компании поврзани со марихуаната бидејќи сакаат да најдат нов Мајкрософт, пренесе Блумберг.

Белград – Најголемиот светски производител на тестенини италијанската Барила работи на прототип на 3Д печатар кој би произведувал единствена тестенина по порачка. Во време кога од 3Д печатари може да се добие прототип на производ, печатени плочи за електронски уреди, намалена реплика од сам себе, делови за авиони или дури и колачи во сакан облик, логично е дека може да се отпечати и тестенина каква што се посакува, пренесува порталот буг.хр. Токму тоа е цел на италијанската компанија Барила, која во соработка со холандскиот институт ТНО од Ајнховен започна работа на прототип на уред кој би овозможил 3Д печатење на тестенини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП