2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru произведе 20 милиони возила во Јапонија

Subaru произведе 20 милиони возила во Јапонија

subaru milioni

Јапонскиот производител на автомобили прослави уште еден значаен јубилеј. Од 1958-та година кога започна производството на возилата „Subaru“ во Јапонија, од производната лента излегоа 20 милиони автомобили од овој бренд.

Домашното производсто „Subaru“ го започна во фабриката Исесаки, а првиот модел беше „360 minicar“. Како што се зголемувало производството, отворени се уште две нови фабрики во оваа област.

Со зголемениот пораст на побарувачката за возилата на „Subaru“, беше започнато и производство на мотори, менувачи и сите потребни авто-делови.

Масовното производство започна со изработката на помали возила, како што се „Subaru 1000“, „Leone“ и „Justy“, a набргу беа лансирани и моделите „Legacy“, „Impreza“ и „Forester“, а благодарејќи на нив ѕвездичките на амблемот на „Subaru“ засветија ширум светот.

„Subaru“ до првиот милион возила произведени во фабриките во Јапонија дојде во 1970-та година, а десетмилионитиот автомобил е изработен во 1992-ра година. Јубулејното 20-милионито возило е „SUV Forester“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП