25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдморете ги очите со витамин А

Одморете ги очите со витамин А

oci99

Луѓето кои постојано се пред компјутерите може да си ги „потрошат” очите. Интензивната изложеност на екранот бара солидно ниво на витамин А во организмот.

Кога работиме на компјутер, нашите очи постојано реагираат на светлите и темните точки кои се појавуваат на екранот. Ако овие визуелни сигнали се посилни, очите трошат повеќе родопсин, фотосензитивен пигмент кој ни е потребен за да гледаме.

Витаминот А игра значајна улога во произведувањето на родопсин. Џигерот, маслото од бакалар и листовите од брокула се богати извори на овој витамин.

Луѓето кои би требало да го намалат нивото на внесување на маснотии во својот организам и холестеролот може да јадат храна во која има бета-каротин, од која телото со помош на сончевата светлина црпи А-витамин.

Бета-каротинот се наоѓа во жолтиот, портокаловиот, црвениот и зелениот зеленчук, исто како и во овошјата како праска, портокал, сувите сливи, дињата, лубеницата и мангото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП