12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple враќа пари на родителите чии деца купувале играјќи во iOS

Apple враќа пари на родителите чии деца купувале играјќи во iOS

aple ios mis

„Apple Inc.“ се согласи да плати 32,5 милиони долари компензација за мобилните апликации, купени од деца додека играле во „iOS“. Оваа победа ги натера адвокатите на корисниците да повикаат за пошироки ограничувања против измамничките практики од главните технолошки компании, објави „Los Ageles Times“.

„Ова е предупредувачки истрел за целата индустрија. Ова не се однесува само за „Apple“, туку ова е дел од сеопфатна истрага“, рече Џефри Честер, извршен директор на Центарот за дигитална демократија (Center for Digital Democracy ).

Вчера Федералната комисија за трговија на САД и препорача на компанијата од Купертино да го промени начинот на кој ги известува родителите за т.н. мобилни набавки, како и да ја отплати компензации од најмалку 32,5 милиони долари на клиентите. Во моментов по воведувањето на лозинката потребна за купување преку „iOS“ уредот има период од најмалку 15 минути за уште набавки без дополнително потврдување. Се претпоставува дека децата ја користат оваа можност за да купат виртуелни производи во игрите кои ги играат. Цената на таков производ се движи од 99 центи до стотици долари.

Кај еден од случаите родителите се изјасниле дека нивното дете потрошило 2600 долари играјќи „Tap Pet Hotel“. Друго дете потрошило 500 долари за „Dragon Story“ и „Tiny Zoo Friends“.

Во рамките на договорот „Apple“ треба да ги врати парите на погодените корисници и да преземе чекори да ги извести родителите за 15-минутниот период, но не и да го елиминира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП