24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа скопскиот аеродром утринава реализиран само еден лет

На скопскиот аеродром утринава реализиран само еден лет

magla

Маглата во Скопје и понатаму прави проблеми во одвивањето на воздушниот сообраќај. На скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава е реализирано само едно полетување.

Според информациите објавени на веб страницата на аеродромот, рано утринава полетал само авион на компанијата „Визер“ за Дортмунд, додека летовите за Загреб и за Истанбул се откажани. Утринава на скопскиот аеродром не слетал ниту авионот на „Туркиш“ од Истанбул.

Поради временските услови веќе неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП