2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставничкиот дом на САД го усвои законот за финансирање за 2014 година

Претставничкиот дом на САД го усвои законот за финансирање за 2014 година

senat

Преставничкиот дом на американскиот Конгрес со огромно мнозинство синоќа го усвои законот за финансирање на активностите на федералната држава во 2014-та година.

Откако ќе биде усвоен и од Сенатот, се очекува со овој закон ќе се стави крај на тригодишната буџетска нестабилност во САД. Законот беше донесен од Претставничкиот дом со 359 гласа „за“, додека 67 конгресмени се изјаснија „против“.

Соддржината на законот предвидува 1,1 билион долари за активностите на државните структури во фискалната 2014-та година, што завршува на 30-ти септември. Кон нив се додаваат уште околу 92 милијарди долари за воени операции во странство, главно за војната во Авганистан, и 6,5 милијарди долари за активностите при евентуални природни катастрофи.

Во оваа сума не се вклучени социјалните трошоци. Сенатот треба да се изјасни по законот до крајот на неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП