8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmbraer ги оствари целите во 2013

Embraer ги оствари целите во 2013

embraer9090ook

Бразилскиот производител на авиони „Embraer“, еден од најголемите во светот, ги достигна зацртаните цели за 2013 година, по скокот на продажбата во четвртиот квартал.

Овој бразилски производител во изминатата година испорача 90 комерцијални авиони и 119 бизнис, а планот за втората категорија на авиони изнесувал од 105 до 120 испораки, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се додава дека вредноста на нарачките заклучно со 31. декември минатата година достигнала износ од 18,2 милијарди долари (13,4 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП