5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛисабон: Обврзници од 13 милијарди долари

Лисабон: Обврзници од 13 милијарди долари

portugalija3498

Португалија во 2014 година планира да продаде обврзници вредни до 13 милијарди евра, во време на закрепнување од финансиската криза, која оваа земја ја принуди да побара помош.

Португалија во 2011 година доби помош вредна 78 милијарди евра, откако инвеститорите уплашени од високиот јавен долг на Лисабон и финансиските турбуленции во еврозоната, бараа неодржливо високи каматни стапки на парите кои и ги позајмуваа на Португалија, пренесува агенцијата Франс прес.

Португалската економија минатата година излезе од рецесија, а владата минатата недела продаде петгодишни обврзници на првата аукција по враќањето на интересите на инвеститорите.

Лисабон вчера продаде едногодишни обврзници вредни 1,01 милијарди евра со каматна стапка од 0,869 проценти, во однос на 1,49 проценти од претходната слична аукција одржана во ноември минатата година.

Приносите на тримесечните хартии од вредност се намалија на 0,495 од 1,07 проценти од претходната аукција, а побарувачката беше речиси пет пати поголема од понудата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП