23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖерар Депардје основал авиокомпанија

Жерар Депардје основал авиокомпанија

zerar5ll

Флотата на приватната авиокомпанија на актерот Жерар Депардје има само еден авион од бизнис класата, кој е во негова лична сопственост, објавуваат белгиските медиуми.

Актерот авиокомпанијата ја нарече „Cyran R“ во чест на францускиот поет Сирано де Бержерак, кого го глумеше во истоимениот филм.

Депардје планира да го изнајмува авионот секогаш кога нема да го користи за свои потреби. Авионот ќе биде сместен на аеродромот во францускиот град Лил, во непосредна близина на белгиската општина Естапмиу, каде во селото Нешен, тој има куќа. Токму на таа адреса тој ја регистрираше својата авиокомпанија.

Деловните планови на актерот, кој во Белгија отвори и агенција за недвижности „Kozhimo“, во скоро време опфаќаат и отворање ресторан во белгискиот град Турне.

Тој исто така веќе има неколку ресторани во Париз, како и винарии во Франција и Белгија.

Во интервјуто за францускиот весник „Журнал де диманш“ тој призна дека кариерата актер за него станала товар и дека сега тој сака повеќе време да им посвети на патувањата и запознавањата на други култури.

Говорејќи за своите планови за во иднина тој рече дека „веќе одамна не е принуден да заработува за живот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП