26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиска инфлација во Шпанија

Ниска инфлација во Шпанија

madrid16669

Шпанските потрошувачки цени во декември незначително пораснаа, покажаа официјалните податоци во Мадрид, во време на стравување од дефлација во еврозоната.

Потрошувачките цени во последниот минатогодишен месец се зголемиле за 0,3 проценти, како и во ноември, потврдувајќи ја прелиминарната проценка, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа е најниската стапка на инфлација за месец декември од 1961 година, од кога се води евиденција во сегашната форма.

Целта на Европската централна банка е инфлацијата да изнесува околу два проценти.

Цените во Шпанија се релативно ниски во време кога економијата на оваа земја полека се опоравува од длабоката рецесија со економски раст од 0,1 проценти во третиот квартал, иако стапката на невработеност сеуште е многу висока и изнесува 26 проценти.

Министерот за економија Луис де Гиндос оваа недела порача дека во четвртиот квартал очекува економски раст од 0,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП