1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America со подобра добивка од очекувањата

Bank of America со подобра добивка од очекувањата

bank of amerikata

Втората најголема американска банка – „Bank of America Corp.“, забележа раст од над четири пати во профитот за изминатото тримесечје, а причината за тоа се намалените резерви за лоши кредити.

Резултатот ги надмина просечните очекувања на аналитичарите. За овој квартал банката забележа 3,44 милијарди долари профит, што го прави 29 центи по акција, во споредба со 732 милиони долари или 3 центи по акција, од истиот период од минатата година. Просечните очекувања на аналитичарите беа 27 центи по акција.

„Резултатите на банката изгледаат значително подобро во споредба од пред една година“, вели Марти Мосби, аналитичар во „Guggenheim Securities LLC“, цитиран од „Bloomberg“.

Во изминатата година акциите на банката додадоа 34% на својата вредност. Од почетокот на годината тие поскапеле за 7.7 %. Инвеститорите можат да се обложуваат на акциите на „Bank of America“ и поголемиот нејзиниот конкурент – „JPMorgan Chase & Co.“, за да помогнат при обновувањето на американската економија, велат аналитичарите.

Банката можеби ќе треба да плати меѓу 5 и 8 милијарди долари, за да постигне договор со ФЕД во врска со истрагите против неа, а кои се поврзани со хипотекарните обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП