5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Суташ“ ќе гради фарма и ќе произведува јуници

„Суташ“ ќе гради фарма и ќе произведува јуници

sutas1198

– Млекарницата „Суташ“ ќе гради фарма на површина од 40 хектари, планира да го удвои производството и бројот на вработени. Веќе се бара земјиште, се работи на вадење дозволи, лиценци, најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на фабриката и состанокот со менаџерскиот тим.

Како што информира Груевски, освен на македонскиот пазар, „Суташ“ претендира да се позиционира и на пазарите во регионот, Европа, па дури и во светски рамки. Објектот во Скопско е прва инвестиција надвор од Турција, но компанијата паралелно вложува и во Романија.

– Направивме максимални напори за изнаоѓање инвеститор кој ќе им помогне на фармерите кои сработуваа со поранешната „Сведмилк“. Така и се случи. Среќен сум што „Суташ“ дојде тука, што воведе најсовремени технологии и опрема од Данска, Шведска,… Комплетно инвестираше во капацитетот чие дневно производство засега е 180 тони со тенденција на драстично зголемување, и до 400 тони. Фабриката планира бројот на вработени да го удвои, од сегашните 80 на 150 лица. Очигледно се работи за силна, моќна компанија, со огромен капацитет, искуство и квалитет, која претендира сериозно ширење на пазарот, изјави Груевски откако ги разгледа погоните.

„Суташ“ на фармата ќе направи тренинг центар за обуки на македонските сточари кооперанти, ќе произведува и јуници кои потоа ќе им бидат дадени на фармерите со цел продукција на млеко по светски стандарди.

Досега компанијата инвестираше 13 милиони евра. Купува млеко од 500 фармери, а планира значително да ја зголеми и оваа количина во иднина. Се уште, како што нагласи премиерот, е на почетокот на своето производство. Освен во Македонија продава и во Албанија и на Косово, а пласманот предвидува да го прошири во регионот и низ цела Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП