5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОзборн: Реформи или пад

Озборн: Реформи или пад

ozborn55op

Европската унија заостанува зад Индија и Кина и мора да се реформира ако сакаме да го запреме падот, предупредува британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Тој во својот говор во истражувачкиот центар „Open Europe“ укажа на потрошувачката за социјалната помош во Европа и нејзиниот проблем со конкурентноста.

„Вака не можеме да продолжиме“, вели Озборн и додава дека се потребни реформи и промени.

Според неговите зборови, најголемиот економски ризик со кој се соочува Европа не доаѓа од оние кои сакаат реформи и преговори, туку од неуспехот тоа да се постигне.

„Токму статусот кво е оној кој го осудува народот во Европа на економска криза и постојан пад“, наведува тој и истакнува дека пред Европа е многу едноставен избор – реформи или пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП