5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Извештајот од „Херитиџ“ одлична вест за Македонија, ќе привлече многу инвеститори

Груевски: Извештајот од „Херитиџ“ одлична вест за Македонија, ќе привлече многу инвеститори

gruevski556

Извештајот од „Херитиџ“ е одлична вест за Македонија и ќе придонесе многу странски компании во иднина да инвестираат тука, да отвораат работни места што е крајна цел на сите владини политики.

Ова е ставот на премиерот Никола Груевски по вчера објавеното рангирање на „Херитиџ“ за слободата на економијата кое ја позиционира Македонија на 43. место од вкупно 183 земји.

– Тоа е највисоко место на нашата земја досега на оваа листа. Од десет индикатори, Македонија има напредок во девет. Најсериозен прогрес има во контролата на јавните финансии, слобода на трговијата и на бизнисот. Тоа е одличен сигнал, што сме убедливо први во регионот, следната земја е многу места зад нас. Подобри сме од просекот во првата половина на земјите од цела Европа. Веста е одлична и зашто многу инвеститори го следат овој индекс што ќе придонесе покомотно да се чувствуваат кога размислуваат да инвестираат кај нас, нагласи Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на млекарницата „Суташ“.

Ова, додаде, е резултат на сите досегашни напори на Владата да направи што подобра бизнис клима, подобар бизнис амбиент и да обезбеди повеќе слобода во економијата, либерализации, да има што помалку стеги и регулации за компаниите.

– Целта е да правиме толку добар амбинет за, на сите индекси и рангирања поврзани со економијата, Македонија да оди напред и да е прва или најмалку меѓу првите во регионот, а многу често и во источна Европа, како и пред многу од земјите членки на ЕУ, потенцира премиерот Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП