5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците најбројни странски туристи во Македонија

Грците најбројни странски туристи во Македонија

grcite558

– Над 20.000 странски туристи ја посетиле Македонија во ноември 2013 година. Најбројни биле од Грција 3.765, од Турција 2.750, од Србија 1.976 туристи, од Бугарија 1715 туристи…

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број туристи во ноември 2013 година изнесувал 34.113, кои оствариле 79.025 ноќевања. Од нив странските туристи се 20.876 кои имале 42.965 ноќевања.

Најпосетен од градовите бил Скопје каде што се евидентирани 12.009 туристи. Другите туристичките места ги посетиле 7.134 туристи, бањските 2.364, а планинските места 2.874 туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП