5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтечајците задоволни од најновата владина одлука

Стечајците задоволни од најновата владина одлука

stecajcite

Стечајните работници кои беа згрижени со Законот за материјално обезбедување од 2008-та година се задоволни од најновата владина одлука за продолжување на рокот на законот до 31-ви декември 2013-та година.

Според Стојан Стојанов од Здружението на стечајни работници, со најновата владина одлука конечно ќе се реши статусот и на оние стечајци кои не беа опфатени со законот од 2008-та година.

„Со ова конечно ќе се реши агонијата на овие стечајни работници. Бевме уверени дека Владата треба да најде модел како и стечајците кои не беа згрижени со законот, да бидат материјално обезбедени. Со доста разговори и преговори, Владата прифати овие луѓе со над 25 години работен стаж да бидат згрижени и конечно да се реши нивната агонија“, изјави Стојанов по денешната средба со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Министерот Спасов оцени дека со оваа владина мерка се решава крупен општествен предизвик и по долги години се надминува проблемот со кој се соочуваа стечајните работници со над 25 години работен стаж кои работеле во фирми со доминантна државна сопственост.

„Со измените кои ќе ги направиме ги опфаќаме оние државни претпријатија кои влегле во стечај и по 2004-та година. Со мерката ќе им се помогне на околу 3.000 граѓани кои останале невработени по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок“, истакна Спасов, додавајќи дека владината одлука е донесена по направена опсежна анализа.

Владата вчера на прес-конференција најави дека ќе се направат законски измени за материјално обезбедување на лицата кои останале невработени или технолошки вишок и по 2004-та година. Тие ќе добиваат по 7.100 денари месечно или 34 проценти од просечната плата исплатена минатата година плус здравствено осигурување. Средствата во висина од околу четири милиони евра ќе се обезбедат од државниот Буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП