6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗајакнување на светската економија

Зајакнување на светската економија

economic-crisi

Светската банка предвидува дека глобалната економија ќе зајакне оваа година, со континуиран раст во земјите во развој и развиените економии, оставајќи зад себе период од пет години без или со бавен раст поради светската економска криза.

Продолжувањето на силниот раст во Кина и забрзување на растот во високо развиените земји ќе го зајакне и растот во земјите во развој, за разлика од предходните пет години кога земјите во развој сами ја носеа напред глобалната екомонија.

Глобалниот раст на БДП е предвиден од 2.4% во 2013-та на 3.2% во текот на оваа година и да се стабилизира на 3.4% во 2015-та и 3.5% во 2016-та година.

Економистите во Светската банка очекуваат дека БДП во високо развиените земји ќе се зголеми од 1.3% во 2013, на 2.2% оваа година и на 2.4% во 2015-та и 2016-та.

Силниот раст го одразува напредокот како во јавниот така и во приватниот сектор и се очекува да се зголеми побарувачката за извоз на зејмите во развој, што ќе допринесе за скромно забрзување на нивниот раст.

Очекувањата се дека БДП на земјите во развој ќе порасне од околу 4.8% во 2013-та, на 5.3% во 2014-тата година.

Во извештајот на Светската банка се наведува дека ризиците за глобалната економија се помали, но не се исклучува можноста за фискална несигурност во САД и подолг период на заздравување во еврозоната, како и можен неуспех во преструктуирањето на кинеската политика.

Од банката додаваат дека глобалните каматни стапки полека ќе растат и до средината на 2016-та ќе достигнат ниво од 3.6%.

За Јапонија се нагласува дека високите фискални и монетарни стимулирања предизвикале силен цикличен раст, но за одржување на тој раст ќе биде неопходно спроведување на структурни реформи.

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП