17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата бележи пораст во прометот на странските пазари, нo пад нa домашните...

Индустријата бележи пораст во прометот на странските пазари, нo пад нa домашните

industrija2

Прометот во индустријата во ноември 2013-та година, во однос на ноември 2012-та година, бележи пораст од 8,6 отсто. На домашниот пазар бележи пад од 14,8 отсто, а на странските пазари пораст од 204 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 15,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 10,2 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,8 отсто и Капитални производи за 36,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 76,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 20,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,0 отсто.

Прометот во индустријата во ноември 2013-та година, во однос на октомври 2013-та година, бележи пад од 7,9 отсто, додека во периодот јануари-ноември 2013-та година, во однос на периодот јануари-ноември 2012-та година, има пораст од 6,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП