2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 професии кои наскоро ќе исчезнат

10 професии кои наскоро ќе исчезнат

caal1

Голем број на вработени од различни професии секојдневно се отпуштаат поради едноставна причина – тие се вишок.

Технологијата напредува и се развива, а со тоа со големи чекори се движиме кон заменувањето на луѓето во бројни професии. Дали за ова некогаш сте размислиле? Можеби затоа невработеноста постојано се зголемува неконтролирано.

Некои работни места само уште кратко време ќе бидат обавувани од страна на луѓето, но ако подобро размислиме веќе многу работни места ни ги преземаа комјутерите и машините, затоа треба внимателно да се размисли во кои професии е иднината .

За оние кои се прашуваат за која професија да се одлучат или оние кои сакаат да се преквалификуваат, „Business Insider“ нуди листа од неколку професии во кои луѓето се се помалку застапени. Внимавајте пред да ја изберете вашата професија обрнете внимание на оваа листа. „Business Insider“ вели дека овие работни места во иднина нема да постојат.

1. Војните пилоти нема да бидат потребни

– Тие ќе бидат заменети со роботски летала со што ќе се намали загубата на човечките животи

2. Работници во кол-центри

– Продажбата на интернет ќе ги замени повеќето начини на продажба

3. Работници во продавница за филмови и музика

– Кој сеуште купува ЦД или ДВД – сите гледаат на интернет

4. Туристички работници

– Се верува дека луѓето сами ќе си ги организираат патувањата со само еден клик на интернет

5. Секретарките се вистински луксуз

– Овие лица дефинитивно ќе станат минато, покрај различните апликации, планери, потсетници, тие едноставно немаат повеќе што да работат

6. Касиери

– Автоматизираните благајни ќе бидат нивната достојна замена

7. Поштари

– Повеќе никој не пишува писма, едноставно сите користат интернет

8. Вработени во книжари

– Денес книгите на интернет се достапни по значително пониски цени, зошти некој би ги посетувал овие продавници

9. Работници на шалтерите во банките

– Преку компјутерите и смартфоните сите трансакции граѓаните ќе си ги обавуваат сами

10. Музички ѕвезди

– Овие ѕвезди ќе постојат но сите тие ќе бидат со многу краток век, ќе се појавуваат и ќе се губат веднаш, светот ќе биде „гладен“ за нови нешта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП