26 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПредности на медот и млекото за здравјето

Предности на медот и млекото за здравјето

med

Млекото е одлично за хидратација, здравје на коските, регулирање на крвниот притисок, го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, спречување дебелина и дијабетес од типот 2, а некои истражувања покажале дека го намалува ризикот од рак на дојка и на дебелото црево.

Медот е одличен засладувач, извор на енергија, одличен е за слабеење бидејќи поттикнува потрошувачка на масти, ја подобрува издржливоста, а има и антибактериски, антигабични и антиоксидативни својства.

Веројатно веќе имате мед и млеко во својата кујна, а ретко размислувате за тоа колку тие две состојки се моќен лек.
Нега на кожа

И медот и млекото имаат антимикробни својства. Таа особина е уште подобра кога тие две состојки ќе се измешаат. Бројни средства за чистење на лицето се прават со помош на мед и млеко. Интересно е дека оваа комбинација се користи во различни клиники за дерматологија ширум светот. Измешајте три лажици топло млеко и една лажичка мед, со памук натопете во смесата и исчистете го лицето.

 

Издржливост

Чаша млеко и две лажички мед во утринските часови ќе ја подобрат издржливоста во текот на денот. Млекото содржи протеини, а медот потребните јаглехидрати. Го забавува стареењето Истражувањата покажале дека млекото и медот делуваат на целото тело, не само на кожата кога стареењето е во прашање. Луѓето во многу стари цивилизации (Грци, Римјани, Египќани и Индијанци) пиеле млеко и мед за да ја зачуваат својата младост.

 

Антибактериско делување

Истражувањата покажале дека комбинацијата на млеко и мед има поголема делотворност на Staphylococcus (грам-позитивна округла бактерија) отколку млекото и медот одделно.

 

Варење на храната

Чаша топло млеко со две лажички мед ќе помогне кај опстипација, надуеност и цревни заболувања.

 

Респираторни болести

Топло млеко е одличен лек за настинка и кашлица, како и медот. Доколку ги споиме нивните својства, ќе добиеме уште подобар лек.

 

За добар сон

Подобро од чаша топло млеко пред спиење е чаша топло млеко со лажичка мед. Премногу шеќер ќе ве разбуди и ќе ве вознемири, но сосема малку глукоза ќе му јави на вашиот мозок да го исклучи орексинот, невро преносник кој е одговорен за будноста во текот на денот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП