2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Франкот е најсигурна валута во светот“

„Франкот е најсигурна валута во светот“

frafrank115ploikio

Најсигурни светски валути се швајцарскиот франк, норвешката и шведската круна, но добро е да се штеди и во рубљи, смета директорот на „Sberbank“ Герман Греф.

„Sberbank“ спроведе истражување за да открие кои светски валути се најстабилни. Оценети биле 33 земји, пренесува агенцијата Итар тас.

За најсигурни валути беа именувани швајцарскиот франк, норвешката и шведската круна.

„Тоа се три земји кои според зачувување на валутата во смисла на нејзината стабилност, девалвацијата, здравата макроекономска политика на владата, доволните ресурси за поддршка на валутата, се доминанти над останатите во светот“, изјави Греф.

– Според нашето мислење овие земји се фаворити за одржливо зачувување на стекнатите средства, изјави шефот на „Sberbank“.

Тој додаде дека е земана во предвид и ликвидноста на валутата.

Најголема ликвидност има швајцарскиот франк. Секојдневната ликвидност на оваа валута достигнува околу 80 милијарди долари, што е доволно да ги задоволи потребите на приватните лица и граѓани, укажа Греф.

Според неговите зборови, во следната група се валутите на Тајван, Сингапур и Малезија. Сингапурскиот долар е приоритетен во оваа група, додаде Греф.

Руската рубља според овој рејтинг се наоѓа на 11-тото место. „Тоа не е лоша позиција“ оценува шефот на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП