21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена продажбата на Burberry

Зголемена продажбата на Burberry

burberry116

Продажбата на луксузни ташни и облека на британската компанија „Burberry“ се зголеми во текот на празничниот период, пред се во регионот на Азија.

Приходите на компанијата се зголемиле за 14 проценти на 528 милиони фунти (635 милиони евра) во третиот фискален квартал, односно три месеци заклучно со декември, во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Продажбата во продавниците кои се отворени најмалку една година е зголемена за 12 проценти, а најголем раст е остварен во азиско-пацифичкиот регион.

Долгогодишната извршна директорка на „Burberry“ Анџела Аренд на средината на годината ќе јa напушти функцијата и ќе премине во американската технолошка компанија „Apple“, каде ќе биде надлежна за стратешкото управување, експанзијата и малопродажба.

Функцијата на извршен директор на „Burberry“ ќе ја преземе актуелниот креативен директор на компанијата Кристофер Бејли, кој ќе ја задржи и моменталната функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП