4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонзорциумот „Бехтел-Енка“ ќе го гради автопатот од Приштина до Блаце

Конзорциумот „Бехтел-Енка“ ќе го гради автопатот од Приштина до Блаце

avtopat559

Косовската владина комисија задолжена за реализација на проектот, по предлог на Комисијата за реализација на тендерот одлучи за изградба на автопатот Приштина-Блаце да го избере Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

„Бехтел-Енка“ за реализација на проектот понуди сума од 599.944.263 евра, додека вториот понудувач Италијанско-турскиот конзорциум „ЦМС- Доугс“ за изграба на автопатот понудил цена од 756.060.580 евра.

Автопатот од Приштина до преминот Блаце, на границата со Македонија е во должина од 55 километри и треба да биде изграден во рок од 42 месеца по потпишувањето на договорот. Ќе има три тунели, најголемиот ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра и десеттина мостови.

Конзорциумот „Бехтел-Енка“ го градеше автопатот Драч-Кукс-граничен премин Морина, кого Албанците го нарекуваат „Патот на нацијата“, како и делницата Морина-Врмица до Мердаре, познат како автопат „Ибрахим Ругова“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП