2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Невработеноста сеуште расте

Франција: Невработеноста сеуште расте

francepariz1

Невработеноста во Франција ќе продолжи да расте и во 2014 година, но со побавно темпо отколку минатата година, оцени Националната унија за вработување во идустријата и трговијата.

Според предвидувањата на Унијата, оваа година бројот на невработени во Франција ќе се зголеми за 63,200, по растот од 168,700 во минатата година, пренесува агенцијата АП.

Сепак, намалена е прогнозата која беше објавена во септември и според која се мислеше дека бројот на невработени ќе се зголеми за дополнителни 75,600 лица.

На крајот на ноември 2013 година во Франција имаше вкупно 3,29 милиони невработени. Во третиот квартал истата година, стапката на невработеност достигна 10,5 проценти, што е највисокото ниво од 1997 година.

Унијата соопшти дека дефицитот за осигурување на невработените во 2013 година изнесувал четири милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП