28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадна профитот на JP Morgan

Падна профитот на JP Morgan

Stress Tests

Американскиот банкарски гигант „JP Morgan“ во четвртиот квартал забележа пад во профитот од 7.2 проценти.

Во наредниот период се очекува зајакнување на економијата во САД и потенцијални нови регулаторни проблеми.

Најголемата американска банка во последниот квартал од 2013-та година оствари заработка од 5.3 милијарди долари во однос на 5.7 милијарди долари во истиот период од 2012-та година.

Приходите истовремено се намалени за 1.2 проценти на 24.1 милијарди долари. Нето заработката на ниво на цела 2013-та година паднала за скоро 16 проценти, на 17.9 од 21.3 милијарди долари од минатата година.

Сепак, позитивен детал од четвртиот квартал е тоа што „JP Morgan“ се врати на пат до профитот, по неверојатната загуба од 9.1 милијарди долари во третото тромесечие на име на трошоците од парничните постапки, поради кои компанијата се најде во дефицит прв пат по скоро 10 години.

„JP Morgan“ потроши околу 20 милијарди долари на порамнување со американските власти од почетокот на 2013-та година, а се очекува уште еден трошок од 1.1 милијарди долари на име на порамнување со Министерството за правда во Вашингтон, поради лошиот надзор на сметките на измамникот Бернард Мадфорд.

Извршниот директор на банката, Џејми, Дајмон, истакна дека е задоволен што компанијата одлучила да ја прифати одговорноста, да ги реши проблемите и да тргне напред. Дајмон изнесе многу оптимистична прогноза за американската економија и работењето на „JP Morgan“.

„Имаме добри услови за раст во 2014-та година, банкарскиот сектор е се посилен, а и економијата исто така“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП