КОМПАНИИ

Зголемена продажбата на Lindt & Sprungli

lindt11

И покрај економската криза, швајцарскиот производител на чоколади, познат по луксузните чоколади и пралини „Lindt&Sprungli“, ја зголеми проджбата за осум проценти.

Продажбата е зголемена во сите региони и во сите категории на производи, така што вкупната вредност изнесува 2,833 милијарди франци.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“, покрај органскиот раст, групацијата ја надминала и стратешката цел за растот на долг рок утврдена на 6–8 проценти.

За тековната фискална година, оваа компанија очекува зголемување на оперативната маржа за повеќе од 20 до 40 процентни поени.