7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најпаметните градови во светот

Ова се најпаметните градови во светот

amsterdam558

Копенхаген, Амстердам и Виена ги заземаа првите три места меѓу „најпаметните градови“ во светот.

Споменатите градови со помош на иновативната технологија на интелигентен и ефикасен начин ги користат постоечките ресурси за намалување на трошоците и потрошувачката на енергија, го прошируваат бројот на услуги и зголемуваат квалитетот на животот на граѓаните.

Оваа класификација ја изврши американскиот стратег Бојд Коен.

Виена оваа година на оваа листа напредуваше од минатогодишното четврто место на третото место, благодарение пред се на воспоставувањето на нови институции за урбанистичка стратегија и технологија.

Исто така, напредуваше благодарение на зголемениот број на станици за напојување на електричните автомобили на 400, поттикнувањето на инсталациите за соларни панели во приватните домаќинства, како и развојот на новиот научен и технолошки центар.

Меѓу првите десет „најпаметни градови“ освен наведените се наоѓаат и Барселона, Париз, Стокхолм, Лондон, Хамбург, Берлин и Хелсинки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП