5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија минатата година оствари раст од 0,5 отсто

Германската економија минатата година оствари раст од 0,5 отсто

germanija1

Германската економија минатата година остварила скромен раст од 0,5 отсто, откако долгата и сурова зима го погоди растот од почетокот на годината, покажуваат податоците, кои денеска треба да ги објави Федералната статистичка служба, јави ДПА.

Најголемата европска економија забележа раст од 0,7 отсто во 2012-та година по солидниот раст од 3,3 отсто во 2011-та година.

Бруто домашниот производ на Германија бележи раст минатата година, откако федералната република едвај ја избегна рецесијата во првото тримесечие од годината по остриот пад на клучните сегменти во внатрешната економија, особено во градежниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП