27 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАмериканскиот Долар расте во однос на Еврото!

Американскиот Долар расте во однос на Еврото!

money

И покрај шокантните лоши податоци за новата бројка на вработени лица во САД од само 74 000, американскиот долар сепак забележува раст.

Рано утринава, во невообичаен период за валутната берза се забележа зголемен обем на продажни налози кај парот EUR/USD, кога од самото отварање на азиската берза еврото се спушти во однос на доларот од цена 1,3670 на 1,3630 со засилен моментум, што многу јасно ни укажува дека сепак на пазарот, фундаменталните вредности и не играат секогаш главна улога за насоките на трендовите. Сепак може да се каже дека цената на еврото во однос на доларот беше презаситена или надреално голема со фактот дека каматната стапка на ЕЦБ во последниот квартал од 2013-та година беше повеќекратно намалувана.

На техничка основа на графичкиот приказ може да се забележи како цената на EUR/USD нема сила да го премине отпорот на 1,3670, а одбивајки се од истиот се повеќе се зголемуваат шансите за креирање на нов надолен тренд, претежно како резултат на една позната формација за инволвираните лица во финансискиот пазар, наречена троен врв (triple top) која може да ја погледнете на графичкиот приказ (трите зелени кругови).

eurusddai

Најчесто оваа формација претставува промена на генералниот тренд, но сепак треба внимателно да се следат и новите фундаменти кои покрај техничката анализа дополнително треба да го потврдат новиот евентуален тренд, а до крајот на оваа недела следуваат неколку важни објави во САД како и утрешниот говор на претседателот во заминување Бен Бернанке во 17:10 часот по наше време.

Како еден предлог за трговците на валутната берза може да се реализираат продажни налози на валутниот пар EUR/USD, но сепак стрпливо да се почека за процесирање на истите, следејки ги графиконите на помали временски периоди од М15 ( 15-минутни) или М30 (30-минутни) за попрецизен влезен налог.

eurus

Продажните налози може да се постават на цена 1,3640 или 1,3653 како опција, со цел да се остварат поповолни профити доколку цената продолжи да паѓа, а како прво ниво за излегување од продажните позиции може да биде цената на 1,3560.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП