27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPepsi лансираше нова марка негазирана вода

Pepsi лансираше нова марка негазирана вода

pepsi-qua

„PepsiCo“, вториот најголем производител на пијалоци во светот, одлучи за американскиот пазар да лансира нова марка на негазирана вода – „Qua“. Новиот бренд ќе им биде понуден на купувачите во пластична амбалажа. Портпаролот на „Pepsi“ изјави дека постои можност изгледот на шишето и името на производот пред почнувањето со продажбата да бидат променети.

Потсетуваме, „Coca-Cola“ веќе во 2007-та година лансираше своја различна вода, нарекувајќи ја „Smartwater“, а сега „Pepsi“ претставува негазирана вода која се добива со помош на микрофилтрација. „Qua“ веќе беше тестирана од корисниците ширум Калифорнија во минатото лето, пред да почне да се извезува на другите пазари.

Без разлика на високата цена, тоа што шишето го разликува од другите е дизајнот со кој треба да се привлечат нови купувачи. Поради тоа производителот одлучи на купувачите да им понуди производ со висок квалитет, но и со повисока цена.

Од „Pepsi“ сакаат со новиот бренд да се доближат до успехот на „Smartwater“, кој во првата половина од 2013-та година забележа раст во продажбата од 16 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП