3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ќе го изнесе пред Москва ставот дека билатералните договори за „Јужен...

ЕК ќе го изнесе пред Москва ставот дека билатералните договори за „Јужен тек“ траба да бидат преразгледани

juzentek1

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер ќе го изнесе пред рускиот министер за енергетика Александар Новак во петок во Москва, ставот дека меѓувладините договори за изградба на гасоводот „Јужен тек“ на територијата на ЕУ треба да бидат преразгледани, изјави неговата портпаролка Сабине Бергер.

Постојаниот претставник на Руската федерација во ЕУ Владимир Чижов, синоќа во Брисел изјави дека дополнителни преговори за веќе потпишаните договори нема да има. Според него неопходно е да бидат разгледани начини за дозволување исклучоци од Третиот енергетски пакет на ЕУ за овој проект.

Според ЕК третиот енергетски пакет на унијата е во спротивност со двостраните договори за проектот „Јужен тек“, бидејќи истиот предвидува сопственикот и операторот на гасоводите на европска територија да бидат различни, како и до објектите да биде дозволен пристап на надворешни компании.

Комисијата минатата година нагласи дека ќе изврши оценка дали „Јужен тек“ е во согласност со европските норми, само кога тој ќе биде пуштен во употреба и преку него ќе потече гориво.

Бергер нагласи дека шестте држави од ЕУ, кои се дел од гасоводот, побарале од ЕК договорите да бидат усогласени со ЕУ легислативата, откако комисијата во нив утврди недоследности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП