28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПостојаното грицкање слатки нешта ви го загрозува животот!

Постојаното грицкање слатки нешта ви го загрозува животот!

woman-eating-cookie

Колку и да ви е слатко да грицкате бисквити, чоколатциња и колачи морате да имате на ум дека претерувањето може да биде опасно. Новата студија, спроведена во Шведска, предупредува за ризиците.

Научниците тврдат дека жените кои грицкаат вакви слатки имаат 33 проценти поголеми шанси да заболат од рак на матката, додека кај оние кои јадат повеќе од три пати неделно, постои ризик поголем за 42 проценти од другите жени.

Тврдењата доаѓаат од десет-годишната студија направена во Шведска, во која биле испитувани прехрамбените навики на повеќе од 60.000 жени, а научниците сакале да ја испитаат врската помеѓу „шеќерната“ исхрана и развојот на тумори во матката.

Научниците од Каролинска Институтот во Стокхолм, испитувајќи ги животниот стил, тежината, диетите и генералното здравје на жените, десет години подоцна повторно им дале да пополнат прашалник, во кој одговарале колку често додавале шеќер во топлите напитоци и храната, и општо колку слатки конзумирале.

Кога ги споредиле сите податоци забележале дека вкупно 729 жени, во рок од 18 години од започнувањето на студијата, добиле рак на матката.

Овие резултати биле поврзани со земањето бисквити, чоколатца и разни колачи, односно жените кои редовно си грицкале од овие слатки имале 42 проценти поголеми шанси за рак. Тоа не важело и кај оние слатки како џем, бомбони или безалкохолни пијалоци.

Студијата ги направила своите заклучоци врз основа на тоа колку често, но не и колку многу, јаделе жените од овие слатки.

Како шеќерите го зголемуваат ризикот за рак на матка?

Научниците сметаат дека шеќерите го зголемуваат ризикот за рак на неколку начини: првата е дека шеќерот го зголемува ослободувањето на инсулинот, што го стимулира прекумерниот раст на клетките во ендометриумот, обвивката на матката.

Другата причина е дека го зголемува нивото на хормонот естроген, кој веќе докажано предизвикува неконтролирано растење на клетките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП