20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв ресторан на Гудис во Скопје

Прв ресторан на Гудис во Скопје

goo1

Првиот ресторан на ланецот за брза храна „Гудис“ ќе биде отворен в петок во „Веро Центарот“ во Скопје. Франшизата ја има Веропулос – Скопје.

– Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус, вели Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.

Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Гудис денес има над 130 ресторани во Грција, два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар, при што е планирано да започнат со работа дури 22 ресторана во повеќе земји. Дневно имаат 500.000 потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП