26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза растот на шпанската економија во последниот квартал од 2013

Забрза растот на шпанската економија во последниот квартал од 2013

spaspa1

Економијата на Шпанија во последниот квартал од 2013 година порасна за околу 0,3 проценти, што е повеќе во однос на 0,1 проценти од претходниот квартал, изјави вчера шпанскиот министер за економија, Луис де Гиндос.

„Закрепнувањето е нестабилнo, но сепак има некакво закрепнување“, изјави Де Гиндос на седницата на владата, пренесува агенцијата Франс прес.

Шпанската економија во три месеци заклучно со септември минатата година се врати на патеката на растот, ставајќи така точка на двегодишната рецесија, која ги потресе јавните финансии на земјата и остави една четвртина од работниците без работа.

Шпанската влада за целата измината година предвидува економско забавување од 1,3 проценти, а за 2014 година раст од 0,7 поценти, кој според проценката на аналитичарите би можел да биде недоволен за отворање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП