13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу се гради во Скопје, Теарце, Кочани и Гостивар

Најмногу се гради во Скопје, Теарце, Кочани и Гостивар

gradi889

Општините во Македонија во ноември 2013 година издале 182 одобренија за градење, со вредност на предвидените објекти од 1.958.089 илјади денари, објави Државниот завод за статистика. Предвидена е изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 м2.

Најголем број одобренија се издадени во Скопскиот регион 48, следи Полошкиот со 44 и Источниот со 30 издадени одобренија за градење.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160 или 87,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 6 или 3,3 отсто за објекти од нискоградба и 16 или 8,8 отсто за објекти за реконструкција.

На 154 или 84,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 28 објекти, односно 15,4 отсто инвеститори се деловни субјекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП